Категории

Незгодната ситуација кога пар имаше секс зад репортерот на “BBC”

Кога сте репортер кој известува во живо од место како што е Рио, тогаш навистина можете да очекувате сѐ. Но, сепак ретко се случува зад вас да начекате пар кој страсно води љубов на плажата.

Имено, репортерот на “BBC”, Ден Вокер се јави во живо за да известува за Олимписките игри во Рио, не сфаќајќи дека зад него во кадарот има пар кој се секса.

Додека Вокер ги набројуваше спортските успеси од тој ден, вниманието на гледачите го привлече она што се случуваше на плажата. Со оглед на тоа дека се запалија социјалните мрежи, продуцентите му се јавија на Вокер за да го известат дека во позадината се случува акција.

“За оние кои прашуваат на социјалните мрежи што се случува, нема да зумираме, но бидете убедени дека не е она што мислите. Тие само се гушкаат, читаат книга… во чудна позиција. Ќе дознаеме можеби за што се работи во книгата”, изјави репортерот пробувајќи да се извлече од незгодната ситуација.

q2

“Би требало да биде навистина внимателен за да не му влезе песок во страниците”, се пошегуваа корисниците на социјалните мрежи.

https://www.youtube.com/watch?v=LCesrXWfkSM

Прегледи:
351
Објавено на:
20.08.2016