Чек дис аут
Search

Нијанси на бои кои асоцираат на успех и моќ: Со овие бои, секоја комбинација ќе изгледа моќно!

Со нив нема да погрешите

Дојде време да започнеме да размислуваме за комбинации на облека што ќе нè стоплат, но исто така важно е тие да бидат и стилски складни.

Експертите откриваат какви бои секоја комбинација ќе ја направи повеќе луксузна и скапа. Постојат неколку нијанси на бои кои сами по себе асоцираат на моќ и луксуз, па ако сакате да оставите впечаток на успешна дама, изберете парчиња во овие нијанси.

 

Кафеава

Велат дека кафеавата е новата црна боја и е дозволено да се комбинира со сите други бои.

 

Боја на сенф

Оваа боја е топла, така што ќе донесе малку ведрина во овие тмурни денови, а исто така прави секој аутфит да изгледа поелегантен.

 

Зелена

Зелената е бојата која што порано ја обожавале на дворовите, така што не е изненадувачки што се поврзува со елеганцијата и моќ. Само едно парче во оваа боја ќе направи да изгледате феноменално.

 

Сите нијанси на беж

Бежот е боја која оди со сè и добро одговара на секој. Нема да погрешите со неа.

 

Бордо

Само еден детал, како што се чизми во оваа боја, ќе го освежат целосниот стајлинг и ќе му дадат впечатлива нота.




Коментари

[fbcomments]