Никаде како во универзумот: Секојдневните човечки активности таму се вистински предизвик (ВИДЕО)

Астронаутите се почесто објавуваат видеа од секојдневните активности во вселената. Од тие видео записи може да се заклучи дека миењето коса во вселената е навистина тешка задача.

Јадењето пудинг на вселенски начин е исто така особено интересно да се погледне. Пудингот во овој случај изгледа како пире од компир, а астронаутите мораат да го ловат со устата. Уште една секојдневна активност, која изгледа сосема поинаку во универзумот е цедењето на пешкир. Поради напнатоста на површината, водата се лепи за него и наликува на желатин залепен на рацете на астронаутот.

Да приготвите пица додека летате низ универзумот исто така претставува тешка задача, а пиењето вода е особено смешно. Вежбањето е задолжително за астронаутите, а имаат и посебни фитнес справи. Дневно вежбаат два и пол часа за да ја спречат мускулната атрофија.

 




Коментари

коментари