Никогаш не би погодиле: Во овие години луѓето најчесто ги изневеруваат партнерите

Дали мажите и жените во одредена возраст се повеќе склони кон изневерување на партнерот? Научниците дале одговор на тоа прашање.

Да се биде изневерен е застрашувачко искуство. Поради тоа, секој бара партнер на кого ќе може да му верува дека не би го повредил. Неодмна научниците откриле нешто што може да им помогне на сите оние кои се сомневаат во своите партнери. Имено, на одредена возрасна граница нагло се зголемува вројатноста за изневерување.

Ако некој има 39 години, тогаш тој е склон кон изневерување, тврдат научниците. Истото важи и за 29-годишните и 49-годишните. Научниците објаснуваат: луѓето се склони кон екстремно однесување кога се приближуваат до округла бројка на години.

Оваа теорија ја потврдуваат и шест други истражувања кои ги спровеле двајца научници од Универзитетот во Њујорк и Калифорнија. Се собирале податоци од он лајн платформа за состаноци, спроведувајќи анкети кај луѓе во овие „сомнителни“ возрасти.




Коментари

коментари