Никогаш не изгледала толку моќно: Кралицата Летиција во извонредно стилско издание

Погледнете го модниот избор на шпанската кралица на доделувањето на наградите за новинарство

Со оглед на тоа што долго работела како новинар, сопругата на шпанскиот крал е почесен гостин на сите случувања на кои се оддава признание на нејзините поранешни колеги, па така таа не го пропушти случувањето во мадридскиот хотел Палас каде што беше врачена наградата на шпанскиот писател, преведувач, публицист и професор Хавиер Серкас Мени.

Кралицата Летисија, очекувано изгледаше феноменално на ова гламурозно случување. Таа заблеска во фустан потпишан од белгискиот дизајнер Dris Van Noten кој е дел од неговата колекција за есен/зима 2019/2020. Се работи за црн миди фустан кој ја следи линијата на телото и е украсен со флорален дезен.
Често сме навикнати да ја гледаме во светли бои, па така изборот на темен стајлинг изгледаше неверојатно моќно. Кралицата го потполни целокупниот стајлинг со сандали со златни украси, плик ташна и гламурозна фрзура.




Коментари

коментари