Категории

Никогаш не прашувајте зошто нешто ви се случило – Тоа е дел од Божјиот план и на крајот сѐ ќе има смисла

Животот има еден чуден начин да те запрепасти. Да ти удри шамар и не каков било. Туку таков во срцето, што најмногу боли. Ќе изгубите нешто многу вредно, некој ќе ве напушти. Нешто ќе се комплицира, и ќе се прашувате познатото прашање зошто ви се случило ова. Зошто? Една работа треба да знаете – никогаш не го поставувајте тоа прашање „зошто“ бидејќи на некои работи нема јасен одговор. Тие едноставно се случуваат, ти едноставно немаш никакво влијание врз нив. Сè што можете да направите подоцна е да ги прифатите такви какви што се.

Зошто секогаш мораме да губиме некои работи за подоцна да ја сфатиме нивната вредност? Да има, но да нема. Нема ништо потешко од тоа. Ред на убави, а потоа ред на тешки работи. И секогаш се прашуваме зошто? И зошто не сме различни? Зошто повеќе не инвестираме во животот? Во луѓето? Во убавото искуство? Подлабоки врски? Секој ден имате шанса да го поправите. Јавете се некого. Заблагодарете се за нешто. Бидете подобар човек. Не чекајте првиот да го направи тоа за вториот. Вие бидете први денес.

Прегледи:
118
Објавено на:
29.11.2021