Никогаш не престанувај да веруваш – Можеби денес е твојот најсреќен ден

Осмели се и направи го тој чекор сега и колку да делува застрашувачки. Сега е единствениот миг да ги оствариш своите замисли, сега е вистинското време за да живееш.

Секој ден постои можност да стане твојот најдобар ден. Само треба да се откажеш од некои нешта. Да се откажеш од тоа да чекаш на некој ден во твојата иднина, да чекаш дека тоа ќе биде вистинскиот ден кога се ќе биде совршено и тој ден ќе те чека вистинската среќа. Тој ден не постои, тој е само илузија. Иднината не е ветена никому, не верувај кога те советуваат да чекаш подобри времиња. Престани да ја очекуваш туѓата потврда и одобрување, луѓето не се оние кои можат и смеат да ти ја дадат, не дозволувај твојот живот да зависи од некој друг.

Престани да чекаш идеален миг за да се ослободиш од нештата кои ти предизвикуваат немир, од оние сомнежи кои те копкаат и прашања кои ти се вртат во главата. Направи го тоа сеа, стави крај на сето она кое го влечиш со себе како терет. Не чекај идеален миг затоа што таков нема.

Осмели се и направи го тој чекор сега и колку да делува застрашувачки. Сега е единствениот миг да ги оствариш своите замисли, сега е вистинското време за да живееш.




Коментари

[fbcomments]