Категории

Никогаш не се задоволувај со лошо кафе, погрешен партнер и досадни пријатели..

Вашиот живот треба да биде одраз на она што најмногу го сакате и што ве прави вистински среќни…

Немојте да се дружите со лоши пријатели кои ве викаат само кога немаат со кого да одат на пијачка. Не дружете се со лошо луѓе кои никогаш не ги одржуваат своите ветувања, никогаш не прифаќајте лошо кафе.

Постојат нешта во кои никогаш не треба да се прифати средината. За некои нешта вреди да се борите. Можеби ќе кажат дека сте себични, едноставно само затоа што се борите за себеси и го правите она што ве правии среќни. Ако живеете постојано грижејќи се за тоа што другите мислат за вас, тогаш ќе имате многу мирен и досаден живот. Ако вашата страст во животот ги плаши луѓето, пуштете ги да бегаат.Ако некому вашиот живот му изгледа премногу, нека го пушти.
Вашиот живот треба да биде одраз на тоа што најмногу го сакате и што ве прави среќни.
Не треба да се плашите да го кажете тоа. Ако се однесувате како да не ви е грижа, од животот нема да добиете ништо. Се е едноставно, да се биде рамнодушен не е добро. Луѓето сакаат да бидите тоа што сте, да се прифатите себеси.

Постојат милион нешта кои нема да можете да ги контролирате и кои ќе морате да ги пуштите. Обично тоа е поврзано со другите луѓе и што мислат тие, што чувствуваат и што прават.
Она што можете да го промените е она што го дозволувате во својот живот. Можете да го контролирате својот животен стандард според кој сакате да живеете.
Ако животот го поминувате грижејќи се за тоа што мислат другите, тогаш ќе одите на пијачка со луѓе на кои ништо не им значите, ќе пиете лошо кафе, ќе водите површни разговорои, ќе живеете просечен површен живот.

Животот е краток за да трошите енергија на нешта кои ве исцрпуваат. Престанете да бидете рамнодушни. Фокусирајте се на она што може да ве направи среќни.

Прегледи:
756
Објавено на:
29.10.2019