Категории

„Никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи“ – Најмоќните книжевни мудрости

Литературата има моќ да не извади од реалноста, да нè натера да се прашуваме за многу важни животни прашања и да не инспирира да направиме нешто во клучните моменти. Затоа понекогаш сакаме во само неколку редови да издвојуваме цитати и реченици кои ја имаат таа моќ.

Ваквите реченици можат да се појават во различни жанрови и да имаат разновидни пораки, но ефектот е ист – сè околу нас застанува и се посветуваме на анализата на секој поединечен збор. Каков ефект имаат овие реченици врз вас погледнете во продолжение.

Слика на Доријан Греј  – Луѓето денес ја знаат цената на сè, но не ја знаат вредноста на ништо.

Ана Карењина Многу е подобро да се направи нешто добро така што никој нема да не знае ништо за тоа.

Големи очекувања – Никогаш не треба да се срамиме од нашите солзи.

Франкенштајн – Ништо не е толку болно за човечкиот ум како голема и ненадејна промена.

Невидлив човек – Животот треба да се живее, а не да се контролира, а човештвото се освојува со продолжување да се игра пред сигурниот пораз.

Кафка на брегот – Спомените ве загреваат одвнатре. Но и ве јадат.

Моби Дик – Не знам што доаѓа, но што и да е, ќе го сретнам насмеан.

Улис – Историјата, рече Стивен, е ноќна мора од која се обидувам да се разбудам.

Нивните очи беа вперени во Бога – Цел живот чекала нешто, а тоа ја убило кога го нашла.

Мистериозен остров – Голема несреќа е да се биде сам, мои пријатели, мора да верувате дека осаменоста може брзо да го уништи разумот.

Прегледи:
167
Објавено на:
19.03.2022