Никогаш нема да изгубите килограми ако ги ставате овие намирници во салатата!

Во текот на летото, салатите се храната која најчесто се консумира. Тие се подготвуваат едноставно и лесни се. Освен тоа, се сметаат за диетални, што ги прави добар избор за многу луѓе кои едноставно сакаат да живеат здраво и да ослабат.

Но, треба да се има во предвид дека не е секоја салата диетална. Ако ставите во салатата домат, ајсберг и други зеленчуци, сигурно ќе биде нискокалорична и корисна. Ако додадете некои други состојки, ризикувате да ја претворите во калорична бомба. Овие состојки никако не треба да ги додавате во салатата ако сакат витка линија!

1. Пченка

Еден од најлесните начини да го намалите внесувањето на калории и јаглени хидрати е да престанете да додавате пченка во храната.

2. Павлака

Павлаката исто така е многу калорична. Бидете сигурни дека ако ја додадете во салатата нема да биде диетална и лесна, а и јадењето ќе биде многу помасно.

3. Кубети

Ако се обидувате да го намалите внесот на тестенини, никогаш не јадете оброк со кубети. Тоа е како да јадете 1-2 кришки леб.

4. Солени јаткасти плодови

Сировите јаткасти плодови и семки се здрав додаток, но печените јаткасти плодови во кои има сол се нешто друго. Тие не се ниту корисни, ниту диетални.

5. Сланина

Зарем мислите дека вашиот оброк ќе биде диетален кога во него ќе додадете масна свинска сланина?

6. Сос од мајонез

Сосот од мајонез е тежок и многу калоричен. Со своите калории ги надминува сите здрави состојки во оброкот.




Коментари

коментари