Категории

Никогаш нема да почувствува среќа оној чие срце е исполнето со омраза

Не е среќата во материјалните нешта, среќата е начин на кој гледаме на светот. Тоа е важно.

Колку повеќе стареев, сѐ помалку ме исполнуваа ситните задоволства кои ми ги овозможуваше животот и сѐ појасно сфаќав каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смисла. Не е среќата во материјалните нешта, ниту во оние кои создаваат моментално задоволство, тоа треба да се запомни.

Научив дека да бидеш сакан не значи ништо, а да сакаш е сѐ, дека способноста да чувствуваме е она што ни дава вредност и убавина на нашето постоење. Така живееме подобар живот.

Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина го имаат или едното или другото, а сепак се несреќни. Убавината не е ништо. Сум видел убави мажи и убави жени кои беа несреќни наспроти својата убавина. Ни здравјето не е сѐ, секој е здрав кој се чувствува така и тоа е целата филозофија.

Сум сретнал многу болни луѓе полни со волја за живот кои ја негувале до самиот крај и сум среќавал многу здрави луѓе кои овенувале поради стравот од патење. Но, среќата секогаш била таму каде што некој сакал и живеел за своите емоции. Важно е да бидеш благодарен за сѐ што имаш.

Убавината не му дава радост на оној кој ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да и се восхитува… Исполнете го своето срце со љубов ако сакате исполнет живот. Нема да почувствува среќа оној чие срце е исполнето со омраза.

Прегледи:
664
Објавено на:
22.01.2020