Никогаш немој да трчаш по љубов – Оној кој сака да го гониш нема намера да биде фатен

Вистинската личност ќе се појави тогаш кога ќе треба и таа ќе остане без оглед на се. И никогаш нема да мораш да трчаш по неа.

Престани да ја бркаш љубовта, и престани да трчаш по луѓето.
Оној кој сака да биде гонет едноставно не сака ни да биде фатен.
Престани да ја трошиш својата енергија правејќи го тоа. Вистинската личност ќе се појави тогаш кога ќе треба и таа ќе остане без оглед на се. И никогаш нема да мораш да трчаш по неа.

Наместо да трчаш по љубов, потруди се да бидеш среќен со себеси, потруди се да создадеш нови познанства. Барај разговори кои ќе те исполнуваат, кој ќе ти откријат непознати страни од животот.

Барај ја слободата и тргни во потрага по она кое што сакаш да го правиш. Биди среќен и во самотијата и не плаши од сопствените мисли.
Барај ја страста, она кое ќе те направи да се почувствуваш живо.

Бркај ги соништата, миговите кои не можат да се изразат со зборови.
Само немој да го потрошиш својот живот бркајќи ја љубовта.
Таа не треба да биде гонета, таа ќе те пронајде сама кога ќе е вистинско време, кога најмалку очекуваш. Ќе се појави кога еднаш ќе се заљубиш во сите делови од животот.
Љубовта ќе те пронајде тогаш кога ќе се заљубиш во себеси.

Thought Catalog




Коментари

[fbcomments]