Никогаш немојте да ги користите овие реченици во разговор со другите луѓе

Психолозите советуваат..

Постојат луѓе зво чија близина посакуваме да бидеме, такви кај кои сите се обраќаат за мислење, совет или утеха кога им е тешко затоа што се чини дека секогаш знаат што треба да кажат за да не се чувствуваме лошо. Но дали сте се се запрашале која е нивната тајна? После толку години искуство во разговори со луѓе на терапевтскиот кауч, психологот Барбара Гринберг открива.
-Сите сме го почувствувале тоа, кога очекуваме поддршка или кога се обидуваме да им ја пружиме на некого. Тешко е да се дадат универзални правила за тоа како некому треба да му дадеме вистински совет, но важно е да се обидеме да дешифрираме некои нешта кои во таквите разговори само одмагаат и подобро е да ги избегнуваме.

Овие изјави никако не смеете да ги изговорите затоа што другата страна може да се почувствува лошо па тогаш ќе посакате да го вратите времето назад и да не ги изговорите истите..

-Смири се
-Опушти се
-Претеруваш
-Премногу си чувствителен/на
-Не плачи
-Тоа не е лично
-Не сфаќај го тоа толку сериозно
-На многумина им е полошо од на тебе
-Судено било
-Се се случува со причина
-Како сакаш
-Можеби се хормоните
-Кога бев на твои години..
-Среќно со тоа
-Со должна почит ама јас мислам дека..
-Не смееш да го мислиш тоа
-Не смееш да се чувствуваш така




Коментари

коментари