Никогаш сами – спокојно и сигурно на секое патување

Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. За спокојно патување добро е вие и вашите вредности да бидете во сигурни раце. Полисата за патничко здравствено осигурување можете да ја комбинирате со 24/7 асистенција за помош на пат.


Патничко осигурување

Со полисата на Сава осигурување одите безгрижно на пат, бидејќи добивате пред сѐ асистенција, а потоа и подмирување на трошоците во случаи кога е неопходна медицинска помош, ситуации со последици од несреќен случај-незгода, при губење/кражба на багаж и патни документи…

Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и за максимален рок од една година со посебни поволности при семејно, студентско, групно и бизнис патување. Брзо, едноставно, сигурно – купете патничко онлајн тука.
Во случај на болест, незгода или друга потреба од помош, се јавувате во 24/7 асистентскиот центар на +389 2 5101 525. Давате податоци за име, презиме, адреса, број на полиса, моментална локација и број за контакт, како и опис на проблемот за да може да се организира соодветна помош.

Ако патувате со автомобил, кон патничкото може да додадете и Автомобилска асистенција 24/7 – деноноќна поддршка и организација на помош при опасности за моторни возила, во земјата или странство. Со само еден телефонски повик добивате организација на асистенцијата, како и покритие на трошоци за: поправки во случај на помал дефект, за влечење и пренос на возилото, превоз на возачот и патниците до крајната дестинација, изнајмување на заменско возило, услуга во случај на снемување на гориво, губење на клучевите на возилото и друго.

Купувањето е крајно безбедно, едноставно, директно и без дополнителни регистрации. Во случај да имате прашања или потреба од помош, на располагање е онлајн поддршката во форма на чет во живо со наши оператори.

 

Никогаш сами! Брзо, едноставно, сигурно – купете патничко онлајн тука.




Коментари

коментари