Никогаш за ништо во животот НЕ Е ДОЦНА

Стручњаците одговараат на прашањето за старосната норма – кога е вистинското време да сакате, раѓате, студирате, планирате..

Барем еднаш дневно ќе слушнете како некој вели: „Сега е доцна за тоа“ или „Веќе сум стара да би вежбала, облекувала,  однесувала“.. А ова обавезно го изговараат жените, многу почесто отколку мажите.

„Предоцна е да студирам. Како да се сликам за индекс на 35 години?“
„Излегувам со дечко кој е 5 години помлад од мене. Супер ми е со него, но ми е глупо што е толку млад“
„Не можам да носам кратки сукњи, не сум веќе во тие години“

Од некоја причина сите велиме дека е или доцна или премногу рано, но концептот „на време“ никогаш не се спомнува.
Љубовта кај некого доаѓа кога ќе наполни 50 години, едноставно затоа што порано не бил/била спремна за љубов. Некој не можел да студира во своите дваесетти, но во триесеттите има слободно време, волја и енергија. Некој се заљубил во личност помлада од себе, затоа што ја пронашол сродната душа. Некоја не носела сукњи кога имала 18 години затоа што била полничка, а на 40 години стигнала до идеалната тежина и сега сака да ги покаже витките нозе.
Но тогаш, на жената и се кажува грозен збор: „доцна“, „стара си“..

Прред некое време се појави вест дека Џенет Џексон е трудна на 50 години, а коментарите на нејзина сметка гласеа: „Каков ужас, трудна на 50 години? Таа ќе му биде баба на своето дете“
Никој не рекол „Браво, ќе роди здраво бебе, честитки и многу среќа“

Поради тоа никогаш не извинувајте се, и не срамете се. Не постои вистинско време за ништо. Вистинското време е сега, кога вие чувствувате дека е тука.
Никогаш не е доцна за ништо, ни за љубов, ни за учење, ни за патување, ни за правење нешта кои ве исполнуваат. Кој и да ви го каже спротивното, лаже!




Коментари

[fbcomments]