Категории

Никол Шерцингер во огнено издание: Црнокосата убавица во ова издание никого не остави рамнодушен!

Никол Шерцингер (40) привлече големо внимание со својот црвен леопард фустан кој се чини дека повеќе открива околку што сокрива. Таа се упати на ручек кон еден познат ресторан во Холивуд, покажувајќи ги своите обликувани нозе во овој лесен проѕирен фустан, а изгледот го комплетирала со кожни црни чизми над колена.

Таа се одлучила за брановидна форма на својата коса, избирајќи природен изглед на шминка. Не изостанале ни аксесоарите како златни алки и црна ташна со црвено-бели детали.

Мора да признаеме дека 40-годишната поранешна членка на групата Pussycat dolls изгледа совршено и шик во секое издание, па дури и кога станува збор за ручек во текот на денот.

Прегледи:
461
Објавено на:
08.04.2019