Категории

Nintendo го собори рекордот на Токиската берза, заработи 4,5 милијарди долари за еден ден

Ако пред две недели некој ви кажал дека една практично обична игра ќе го освои светот, ќе натера стотици милиони луѓе да бркаат виртуелни суштества по улиците на своите градови и ви го покажеа Pokemon GO, најверојатно ќе му се исмеевте во лице. Но спротивно на секаква логика, денес Pokemon GO е феномен за кој зборуваат сите – дури и оние кои се противници на играта.

Успехот на Pokemon GO е толку голем, што според Блумберг, Nintendo заработил 476 милијарди јени за еден ден (4.5 милијарди долари), соборувајќи го рекордот, држен пред тоа од енергетската компанија Tokyo Electric.

Акциите на Nintendo се продаваа по цена од 33 долари. Практично сега Nintendo има поголема пазарна капитализација (40 милијарди долари) од Sony (38.38 милијарди долари).

Прегледи:
328
Објавено на:
19.07.2016