Категории

Нобеловата награда за литература за 2023 отиде во рацете на Џон Фосе!

Шведската академија во Стокхолм го објави кралот на литературата за 2023 година.

Имено, Нобеловата награда за литература, најпрестижната книжевна награда во светот за 2023 година отиде во рацете на норвешкиот писател Џон Фосе.

Неговото дело е во склоп од околу 40 драми, а покрај нив има и голем број на романи, есеи, преводи, поезија и книги за деца и возрасни.

Неговите дела му даваат глас на неискажливото, напишани се во посебен стил, а во нив се прикажани секојдневни ситуации од реалниот живот.

Исто така, драматичните дејства го прикажуваат текот и наливот на човечките емоции, а неговите драми и романи се преведени на повеќе од четириесет светски јазици.

Негови познати романи се: „Меланхолија 1“, „Меланхолија 2“, „Утро и вечер“, „Тоа е Алес“и „Будност“.

Оваа книжевна награда се доделува од 1901 година, а првата награда отиде во рацете на гранцускиот писател Сили Придом.

 

Прегледи:
237
Објавено на:
07.10.2023