Нострадамус – човекот кој ја предвиде и 2018 година

За него се тврди дека предвидел низа случувања низ историјата, вклучувајќи ја и Француската револуција, Адолф Хитлер, создавањето на атмоската бомба и терористичкиот напад на 11- ти септември.

Иако работел како доктор, својата слава ја стекнал со книгата „Пророштва“, во која објавил визии за важни идни настани до 3797 година. На крајот од својот живот, претчувствувајќи дека му се ближи крајот, во средината на јуни 1566 година, напишал порака, а ноќ пред својата смрт, на втори јули му рекол на својот помошник: „Утрово нема да ме најдеш жив.“

Ова се некои од предвидувањата на Нострадамус кои се оствариле: 

  • ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА – „Ужасна војна се подготвува на западот, наредното лето ќе се појави и чума, толку страшна што ќе нема спас.
  • ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА – „По големиот конфликт, ќе дојде уште поголем и Големиот мотор ги обновува телата, дождот, крвта, млекото, гладот, челикот и чумата, на небото се гледаат оган и искри.

  • НАЈСТРАШНИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА ЗА ГОДИНИТЕ ПРЕД НАС – „Ќе започне војна помеѓу две светски сили и ќе трае 27 години. Моментот на големо насилство ќе се поклопи со појавата на комета на небото. Нуклеарен тероризам и природните катастрофи ќе ја уништат нашата планета додека гигантската планета не и се приближи на Земјата. “Ова предвидување се толкува како војна помеѓу Русија и САД, секоја со своите сојузници.
  • Освен тоа, некои толкувачи велат дека Нострадамус за 2018 година предвидел големи потреси кои ќе го погодат западниот свет, односно западниот дел на САД. Силата на овие потреси ќе се почувствува низ целиот свет. Тој наводно за 2018 година предвидел и  масивна вулканска ерупција на италијанскот Везув, за кој се вели дека „ќе ја уништува земјата на секои пет минути“, одземајќи околу 6.000 и 16.000 животи.



Коментари

коментари