Категории

Нов начин за заштита при сексуални односи? Вака изгледа производот кој ќе се користи во иднина!

Пилулите и презервативите се две најчести методи за контрацепција низ светот, а тоа сигурно веќе ви е познато. Појавата на контрацепцијата направи вистински бум за правата на жената, бидејќи на тој начин самостојно одлучуваат за мајчинството.

Освен тоа, со користењето на презервативите започнува сигурниот секс и спречувањето на сексуално преносливите болести како што е ХИВ.

Но, науката е на наша страна напредувајќи и уште еднаш докажувајќи дека е во развој уште една можна опција која наскоро ќе биде понудена, а тоа е сосема нов и револуционерен начин на заштита. Иднината во контрацепцијата е вушност во вид на ГЕЛ. Оваа метода е наменета за жените, со оглед на тоа дека производот се применува во вид на туба (слична на онаа за ставање тампон) и тоа еден час пред сексуалниот однос.

Освен што штити од непланирана бременост, својството на овој гел е да заштити од полово преносливите болести, што значи дека е чекор пред пилулите за контрацепција кои не штитат од болести. Најдобро од се е дека овој гел нема да има нуспојави врз жените т.е не содржи хормони (како пилулите) кои честопати прават хаос во женското тело.

Откако ги знаеме предностите и едноставниот начин на користење на овој производ, важно е да се знае дека според директорот на компанијата „Pelletier“, која го истражува овој производ, во средината на 2019-та година би требало да излезе на продажните места.

Прегледи:
618
Објавено на:
26.04.2018