Нова песна и спот на момците од „Либеро бенд“

Интересен и уникатен проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. Истиот стартуваше со „1001“, песна која заедно со уникатен спот беше промовирана пред публиката во Јули месец и според бројот на прегледи досега, навистина успеа да се етаблира како вистински летен хит.

Готов е и најновиот проект на момците од бендот. Насловот на песната која својата промоција ќе ја има утре, среда, во 18:00 часот на нивниот официјален канал на „YouTube“ е „Ќе те сакам“, а видеото повторно го сработи Даниел Јовевски.

Додека ја чекаме промоцијата на новата песна и спот, во меѓувреме ве потсетуваме како звучеше и изгледаше видеото за претходната тема „1001„:




Коментари

[fbcomments]