Ова е новата песна со силна порака од Марија Спасовска! (ВИДЕО)

„Сакам“ е новата песна од Марија Спасовска со која порачува „Човекот со срце да гледа, да исчисти очи од гордост и беда“.

Текстот на оваа балада е од Марија Спасовска, а музиката и аранжманот се на познатиот Роберт Билбилов. Видеото кое дополнително ја надополнува убавината на приказната е во режија на Зоран Зонде Стојановски.

Интересен е фактот што Марија во видеото употребува знаковен јазик, сакајќи оваа песна со својата силна порака да допре до секој човек, за да можат да слушаат сите, дури и тие што не можат да слушаат… Во продолжение погледнете го видеото…




Коментари

[fbcomments]