Новата Летна школа за архитектура зазема алтернативен формат и почнува со меѓународен конкурс

Новата Летна школа за архитектура зазема алтернативен формат и почнува со меѓународен конкурс

Поради пандемијата на Ковид-19, 29. сесија на Летната школа за архитектура на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , годинава ќе заземе алтернативен формат. Темата е „Омаж на заедништвото“ и активностите почнуваат во четврток (16 јули) со отворање на меѓународен студентски конкурс.
Досега, школата се одржуваше во прекрасниот предел на Лазарополе, а идните архитекти ќе имаат задача да проектираат мала архитектура која поттикнува заедништво во центарот на Лазарополе. Периодот на регистрација на учесници е до 27 јули, а конкурсот завршува на 17 август. Студентите ќе имаат одлична прилика да се натпреваруваат со своите колеги во меѓународен контекст, пред комисија составена од архитекти и професори од Берлин, Љубљана и Скопје.

– Темата “Homage to Togetherness” („Омаж на заедништвото“) има за цел, обратно од преовладувачкиот тренд на размислувања за новиот „визуелен пејзаж на Ковид 19“ базиран на социјалното дистанцирање, да нè потсети (со педагошка одговорност) дека суштинскиот карактер на архитектурата е да зближува, да
поврзува, да поттикнува заедништво. Затоа, темата повикува да се сеќаваме, да ги истражуваме, да ги преобмислуваме, славиме просторните обрасци на заедништвото низ повеќе активности. Во рамки на студентскиот конкурс, преносот на идејата за заедништво во архитектонска конкретност е специфичен процес, бидејќи поимот „заедништво“ е универзален како вредност, но е многу интимен како чувство.

Студентите се поттикнуваат да го пронајдат, препознаат и работат со тоа лично чувство за заедништво. Сепак, 29. Летна школа за архитектура ќе им овозможи серија на едукативни активности кои ќе го
подржат тој процес на само-рефлексија со продлабочување на нивните знаења околу различните начини на коишто архитектите успеале да ја опросторат личната идеја за заедништво – велат од Архитектонскиот факултет.

Во рамки на школата, ќе се води и мотивациско делче на веб-страницата на Архитектонскиот факултет наречено „Атлас на заедништвото“. Станува збор за интерактивна иницијатива каде ќе се објавуваат илустрации од проекти кои кај професори и пријатели на АФС предизвикуваат асоцијација на заедништво во
архитектурата.

Воедно, на 28 јули на платформата „Зум“ ќе се одржи и онлајн отворање на Летната школа со воведен збор на Деканот на АФС, обраќање на тема “Situating Togetherness” на Раководителот на 29. сесија на Летна школа, поздравни обраќања на тимот на АФС и дискусија. Во план е уште еден вебинар на тема „ Што научивме за архитектурата на заедништвото? “ на 1 септември кој ќе биде модериран настан помеѓу учесниците во
конкурсот и членовите на меѓународната жири комисија со осврт кон резултатите на конкурсот и најдобрите идеи, како и коментари и заклучоци во прилог на темата на сесијата: успеавме ли да ја прославиме идејата за заедништво во архитектурата?

Повеќе информации за 29. Летна школа за архитектура може да се најдат на следниот
линк www.arh.ukim.edu.mk




Коментари

[fbcomments]