Категории

Нови летни приказни на SF Pool Party

Најпознатиот бренд за долна облека Сара Фешн организираше мала, интимна забава Pool Party со цел претставување на костимите за капење од новата летна колекција SF Summer Story.


На забавата која беше покрај базен присуствуваа личности од јавниот свет, познати македонски инфлуенсери. Темата на нивниот аутфит беше летен стајлинг со костими за капење и летни аксесоари од СФ.

За незаборавна летна атмосфера и забава беа задолжени диџеј и коктел мајстор. Присутните уживаа во модерни, уникатни и комфорни летни парчиња од Сара Фешн.

Оваа лето, ќе биде запaметено по богатата, оригинална, разновидна колекција на костими за капење насловна како SF Summer Story. Во неа може да пронајдете костимите за капење за сите, за дами, девојки, за мажи, за сечиј вкус, со уникатен тропски и животински принт или пак еднбојни во впечатливи и нежни бои.

Моделите од колекцијата може да ги пронајдете во продавниците на Сара Фешн ширум државата или со еден клик на www.sarafashion.club.

Дел од атмосферата погледнете на следниот линк.

Со Сара Фешн – секогаш повеќе! SF Summer Story за незаборавно лето.

Прегледи:
127
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
20.07.2022