Категории

Новиот драматичен тренд кај ташните кој веројатно нема на секого да му се допадне

Новиот актуелен тренд се предимензионираните ташни со кои нема да поминете незабележано

Додека минатата сезона беа во тренд малечките ташни колку една дланка, оваа сезона ни доаѓа уште еден драматичен тренд кој е негова комплетна спротивност – предимензионирани ташни.

Се чини дека на модниот свет во последно време не му се допаѓаат баш нормалните величини на аксесоари.
Овој нов тренд веројатно најмногу ќе ги израдува оние дами кои сакаат да носат се што им е неопходно со себе и најчесто се жалат дека немаат доволно простор за сите нешта, а во овие модели на ташни сигурно е дека ќе може да собери буквално сешто.

Правилото гласи: што поголемо тоа подобро. Многу брендови веќе ги претставија своите најнови колекции и можеме да забележиме дека некои од нив отишле и надвор од границите кога се во прашање димензиите.

Прегледи:
441
Објавено на:
14.11.2019