Новиот моден тренд кој некои ги воодушеви, а некои ги налути

Што мислите вие за овој актуелен моден тренд?

Како што веќе и птиците на гранките знаат, трендовите кои ја обележаа сезоната се удобност, комфорт и лелеавост. На модните писти ги забележавме сите можни верзии на женски фустани, широки, струкирани, со долги ракави, такви кои ја истакнуваат силуетата, мини, миди, макси фустани, гламурозни фустани, фустани за секој ден. Новиот моден поим кој ја означува оваа опуштена облека е ‘frumpy’.

Доколку ги прашате модните стручњаци, тоа е облека која не е нити младешка, нити гламурозна, изгледа досадно и им прилека на старите жени, не ја истакнува женската фигура, делува униврзално и нема облик. И сигурно се прашувате зошто ваков вид на облека е воопшто во тренд, модната индустрија ќе ви одговори дека тоа е желбата на нивните потрошувачи, желба за слобода и удобност, а жените оваа година се одлучија да носат ваква облека.

Освен што е удобна и универзална, таа успешно ги сокрива вишокот килограми. Според модните дизајнери, овој вид на облека напротив стереотипите дека не ја истакнува силуетата, изгледа секси на сечие тело, бидејќи силуетата не е отсликана и секоја жена станува по самоуверена.




Коментари

[fbcomments]