Категории

Новогодишни украси кои ќе ви ја разбудат носталгијата – Какви декорации користевме во минатото

Кога ќе се споменат 90-тите години од минатио век, на многумина им се појавува чувство на носталгиј, особено доколку во тоа време сте биле дете. Сеуште се сеќаваме на украсите со кои ја китевме елката а некои од нив сеуште ги чуваме и ден-денес.

Тоа беше време кога китењето на елката беше посебен ритуал во секоја куќа а украсите внимателно се бираа и грижливо се чуваа во посебни кутии за да не се оштетат.

Кој би можел да ги заборави ѕунѕурките во најразлични бои и оние висечки ленти кои се ставаа на таванот и ламбите? На сите нив денес се сеќаваме со доза на радост и носталгија.

Прегледи:
345
Објавено на:
18.12.2020