Новогодишно интервју со директорот на НУ Театар Комедија Скопје: „Нека му е среќна среќата на секој!“

НЕКА МУ Е СРЕЌНА СРЕЌАТА НА СЕКОЈ!

1. Почитуван директоре, веќе една година сте на чело на институцијата Театар Комедија. Како ја оценувате вашата работа и колку сте задоволен?

– Да, точно една година и еден месец сум на жешкото столче во театарот хаха… Малку е неблагодарно да се самооценувам, тоа би го оставил да го сторат другите. Знаете, сметам дека кога сте на чело на една институција, најдобро е да се посветите целосно на институцијата и мислам дека само така ќе можете да испорачате резултати. Јас оваа 2018 година која измина бев целосно посветен на работата и сметам дека она кое го имав планирано во целост го реализирав.

2. Видливи се резултатите во вашето работење. Која е формулата за ваквите резултати?

– Се сложувам дека се видливи резултатите. Но тоа не е само мој успех, тоа е резултат на тимската работа. Секој капетан на бродот мора да има добар екипаш. Така и јас хаха… Со многу труд успеавме да ја реализираме програмата во целост која беше предвидена за 2018, направивме реконструкција на кровот на театарот, ја обновивме фасадата, направивме реновирање на фоајето, бојадисување на ѕидовите во салонот, фарбање на сцената, продуциравме 4 премиери, гостувања во земјата и странство, неколку колеги се здобија и со меѓународни награди.

3. Бевте советник во кабинетот на министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, па потоа преминавте во Театар Комедија. Зошто?

– Точно. Бев советник за култура, но знаете јас не можам без театар. Уште од дете сум во театар. Театарот е мојот живот. Се решив на овој чекор бидејќи сметам дека е подобро да сум тука. Во кабинетот на министерот Адеми ми беше преубаво, но јас му припаѓам на театарот.

4. Раководите со Театар Комедија, а воедно и играте. Како успевате да најдете време?

– Кога се сака се се може. Навистина е тешко. На репертоарот имам три претстави: Дони Дарк, Жена ми се вика Борис и Викенд на мртовци. Не се може без сцената.Таа ми е прочистувач. Мислам дека без сцената ќе се распукам на парчиња, па така на сцена се полнам со позитивна енергија. Позитивната енергија е моторот за сѐ. Преку ден од рано наутро сум во канцеларија со тековните обврски, а навечер кога имам претстава сум на сцена, а доколку има претстава а во неа не играм, јас повторно сум тука зад сцена.

5. Каков е Сашо Ристовски приватно?

– Јас сум едно големо дете. Едноставо некои ми велат, кога ли ќе пораснеш хахааха… Не знам да сокријам ни радост ни тага, иако понекогаш треба, но не знам. Многу ги сакам искрените разговори, сакам да прошетам со пријателите, сакам да готвам и да бидам со семејството. Од дете ги сакам животните и навистина знам да им се посветам максимално, знам и сериозно да влезам во конфликт со луѓе кои сакаат да ги повредат животните. Исто така многу сакам да патувам и да уживам во природата, но сега поради работата имам сѐ помалку време.

6. Каква година за вас беше 2018?

– Исклучително напорна. Мораше така. Година на реформи и големи одлуки. Имав денови кога беше пресудни за некои работи, но со храбри одлуки беа завршени работите како што требаше.

7. Кои се вашите планови за празничните денови?

– Овие празнични денови ќе ги поминам во домашна атмосфера. Сметам дека премногу бев отсутен од дома. Сакам да сум дома со најблиските.

8. Која е вашата новогодишна желба?

– Малку поголема е хахах… Да сум жив и здрав, да ми е жива и здрава фамилијата, пријателите… Да напредувам во работата и нашата држава полека. но сигурно да стигне до саканата цел. Убав живот за сите. Нека му е среќна среќата на секој!




Коментари

коментари