Категории

НУРКАЊЕ ВО ЗАБОРАВЕНОТО: ДОБРЕ ДОЈДОВТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА БОИ, АРОМИ И НА ВКУСОВИ!

Храната во комбинација со планината и со чистиот воздух е потенцијалот што како земја го имаме, но сме го запоставиле. Овде лежи и основата за рурален развој базиран на нашата автентичност.

Автор: Жаклина ХАЏИ-ЗАФИРОВА

Место на егзотични морски плажи, плановите за летните одмори годинава се димензионираа во домашните граници. Пандемијата ја смени перспективата, па актуелни станаа нашиот планински, езерски, речен туризам. Како некогаш, повторно станаа важни домашните капацитети и малите места на кои се сеќаваме само од детските денови или од репортажите што сме ги гледале или слушале.


Во една таква клима сѐ повеќе се размислува за локалниот и рурален развој.
Кои се можностите земјава да почне да се развива во тој правец?
Да се размислува повеќе за домашните производи, за националниот туризам, за органското, за сѐ што може да си го понудиме самите на себе и да го развиеме уште повеќе. Но и кои се предизвиците со кои се среќава земјава во контекст на тоа и во која насока да се трасира локалниот и рурален развој?

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, три зборови се клучни за рурален развој и за туризмот: планина, воздух и храна.

Повеќе за оваа тема прочитајте во најновото издание на списанието за одржлив развој, Лице в Лице, кое чини 100 денари. Половина оди за продавачите, кои се ранливи сограѓани. Ним, во време на пандемија и економска нестабилност, нашата поддршка им е најпотребна.

 

Прегледи:
241
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
11.10.2020