Обезбедете си сигурност во сообраќајот, регистрирајте го вашето возило во Кораб Ауто Контрол!

Техничкиот преглед е од основно значење за исправноста на секое возило. Тоа е постапка при која се утврдува дали возилото ги има сите пропишани уреди кои треба да бидат во исправна состојба, а особено уредите за управување, уредите за сопирање, пневматиците и уредите за давање светлосни сигнали, за осветлување на патот и на возилото и за изпуштање на согорените гасови, како и дали ги исполнува и другите пропишани услови за учествување во сообраќајот.

Свесни за потребата од квалитетен и прописен технички преглед, како предуслов за безбедност во сообраќајот, Кораб Осигурување создадоа станица за технички преглед Кораб Ауто Контрол која ги нуди сите услуги околу техничкиот преглед на возилото брзо, квалитетно, детално и ефикасно. Приоритет на вработените во Станицата за технички преглед Кораб Ауто Контрол се задоволните клиенти кои секогаш ги изненадуваат со разни попусти и подароци!

Регистрација на возило 

При регистрација на возилото се врши техничкиот преглед кој претставува задолжителна проверка на техничка исправност на возилото пред негово вклучување во сообраќај. Регистрираните возила се означени со пропишани регистерски таблици и налепница и имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење. Регистрацијата важи една година, што значи дека регистрацијата треба да се продолжува секоја година.

Кога возилото има потврда за ослободување од технички преглед во тој случај сопственикот нема потреба да го донеси возилото за да му се изврши проверка за техничка исправност на возилото туку само треба да му се изготват документи за регистрација на истото возило. Возилата кои се нови односно не постари од 8 години добиваат потврда за ослободување од проверка за техничка исправност на секоја втора година.

Само во Кораб Осигурување може да го резервирате онлајн вашиот термин и да не чекате ред, добивајќи ВИП третман. Резервацијата може да ја направите ТУКА!

Покрај техничкиот преглед на возила, имате можност да ги комбинирате услугите кои ги нуди Кораб Осигурување и да заштедите.

Кораб Осигурување се грижи за вашата безбедност во секоја сфера на живеењето, па затоа може да изберете некоја од следниве услуги, а со нивно комбинирање добивате попуст:

  • Животно осигурување
  • Осигурување на имот
  • Патничко осигурување
  • Авто одговорност
  • КАСКО осигурување
  • Зелен картон
  • Менаџерско осигурување
  • Земјоделско осигурување
  • Транспортно осигурување

 

Осигурувањето е од особено значење за квалитетното живеење и безбедноста во секој аспект од животот. Затоа изберете го Кораб Осигурување и обезбедете си безбедност и сигурност како во сообраќајот, така и во вашето секојдневие.

Кораб Ауто Контрол се наоѓа на бул. „Србија“ бр. 25 комплекс МакОил, Аеродром.




Коментари

[fbcomments]