Категории

Објавена архива од стари фотографии од Франција

Архивата за скриени фотографски богаства Flickr Commons се збогати со стари фотографии од југоисточна Франција кои сведочат за некои други времиња.

Médiathèques Valence Romans Agglo  е мрежа од 14 библиотеки од регионот и неодамна објавиле 65.000 парчиња од историско богатство, сега достапни за јавното око на  Flickr.

Моментално се прикачуваат голем број на фотографии, главно направени во доцниот 19-ти и почетокот на 20-ти век, а нудат фасцинантен поглед во Француската култура во тој период.