Категории

Објавиле видео од креветот: Ќерката на Мајкл Џексон е во врска со оваа манекенка

Манекенката Кара Делевињ и ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон се во врска. Се зборува дека Кара и Парис се во врска од минатата година, кога се фотографирани на доделувањето на МТВ наградите, но сега објавија и видео од креветот.

Иако не го коментирале отворено својот однос, доволно е да ги погледнете нивните социјални мрежи и да ја забележите големата блискост помеѓу нив две, а по мислењето на многумина тоа е повеќе од пријателство. Нема сомнеж дека помеѓу нив постои искра. Се запознале на минатогодишното доделување на МТВ филмските награди и веднаш се поврзале. Оттогаш се дружат.

Ќерката на покојниот крал на поп музиката до сега била во врски само со мажи, додека познатата манекенка пред четири години призна дека е бисексуалка.

Прегледи:
172
Објавено на:
24.03.2018