Продолжете го векот на вашата облека

Маиците ја губат бојата, фармерките бледнеат, волнените џемпери се развлекуваат и го губат обликот. Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да го продолжите векот на вашите алишта.

Повеќето луѓе, посебно жените тешко се одрекуваат од омиленото парче гардероба, кои нè прават послаби, повисоки, ни додаваат облини или, едноставно, во него се чувствуваме удобно. Со само мала подготовка и планирање, без проблем ќе можете да го продолжите векот на вашата облека. Еве како.

Избегнувајте сушари. Сушарите за алишта се многу корисни и кај нас ги користи поголемиот број од домаќинствата, но топлиот воздух со кој облеката во нив е изложена, ја уништува ткаенината. Од таа причина, ако имате простор, префрлете се на старомодното сушење алишта на жица.

Намалете ја употребата на машината за перење алишта. Ако сакате вашиот омилен пар фармерки да потрае подолго, перете го на рака и тоа во ладна вода со благ сапун. Истото важи и за облеката од деликатни ткаенини.

Замрзнете ги женските чорапи. Можеби звучи чудно, но ако нови женски хулахоп чорапи ставите во замрзнувач најмалку на еден ден, ќе им го продолжите векот. Замрзнувањето ги зацврстува влакната и тие стануваат поотпорни и долготрајни. Кога купувате женски чорапи, сè што треба е да ги намокрите со вода од чешма, да ги ставите во пластична кеса, па да ги ставите во замрзнувач на 24 часа. После тоа оставете ги да се одмрзнат и исушат на воздух.

Веднаш чистете ги дамките. Најдобар начин да спречите тврдокорни дамки кои ќе ја упропастат вашата омилена облека е да ги исперете веднаш штом ги извалкате. Исто толку важно е дамките да не ги триете, туку ткаенината да ја тапкате со крпа која е намокрена во вода пред да ја ставите за перење во машината за перење алишта.

Оцетот е пријател на вашите алишта. Обичниот бел оцет е еден од најдобрите природни средства за перење алишта и затоа задолжително додајте го со детергентот, посебно кога перете бела облека.


тагови


Коментари

коментари