Обрнете внимание на шолјата за кафе: Таа може да биде извор на бактерии!

Сунѓерчето за перење садови неретко е вистински извор на бактерии, но е и уште поопасна трагата од млеко и шеќер во шолјата кафе. 

Доколку не ја измиете шолјата еден или уште полошо два дена, што најчесто се случува кога ја оставаме преку викендот во канцеларија, го загрозуваме здравјето.

Ако ја анализираме просечната неизмиена шолја кафе, секако дека ќе пронајдеме бактерии. Истото се случува и кога ќе ја измиеме со нехигиенски сунѓер полн со бактерии, но и кога ќе дозволиме шеќерот и млекото да се наталожат. Затоа, важен совет кој треба да го примените е тоа дека веднаш штом ќе го испиете кафето измијте ја и шолјата. Доколку пиете без шеќер и млеко, подобро измијте ја само со врела вода, или пак само со средство за чистење и рака. Бидејќи којзнае кој сѐ ги користел сунѓерите во канцеларијата.




Коментари

коментари