ОЧАЈНА ДОМАКИНКА – ИЗГОРЕЛА 20.000 ДОЛАРИ НАМЕСТО ЧАЈ!

Кинеската од Шаосан во централната провинција Хунан, изгорела 20.000 долари кои ги криела во шпоретот на дрва.Хао Бин (35) ги тргнала да бидат на сигурно парите кои нејзиниот сопруг Ванг (39) требало да им ги плати на работниците на неговата градежна фирма, но таа заборавила на тоа.

Кога утредента сакала да си свари чај, го запалила шпоретот.Сфатила што направила дури кога сакала да додаде уште малку дрва и ја загледала кесата полна со банкноти, кои потполно изгореле.

– Уште не сме земале пари за нашата работа, но морав да ги исплатам работниците па пари позајмивме од пријатели и роднини, а сакавме само да ги тргнеме на сигурно.Ова е голем губиток за нас и мојата жена е очајна!Но и простив, ќе преживееме, вели нејзиниот сопруг.

Бидејќи немаат доверба во банките, повеќето кинези ги чуваат парите дома, под креветите и меѓу чорапие, како би ги сокриле од крадци.




Коментари

коментари