Очите се огледалот на душата – Што открива бојата на очи за вашиот карактер?

Ви споделуваме како можете да откриете нечиј карактер според бојата на нивните очи

Очите се огледало на душата, така рекле многу поети, а тоа јасно ни кажува дека еден поглед во очи е доволен некому да му ги прочитаме емоциите без да каже нити еден збор. Научниците сметаат дека бојата на очите може да открие и карактерни црти на човек.


Сини очи

Има нешто навистина моќно во сините очи, тие привлекуваат како магнет. Баш поради тоа се сметаат за најпосакувани на светот. Оние кои имаат сини очи се паметни, срдечнии полни со енергија.
Сакаат долги врски и семеен живот, и се многу верни пријатели. На нив секогаш можете да се потпрете и во секој миг можете да бидите сигурни дека ќе ве направат среќни. Понекогаш можат да бидат и малку критични. Исто така, нив ги краси шарм, спонтаност, сочувство и добра моќ на забележување детали.


Зелени очи

Личностите со зелени очи се често креативци. Тие се интелигентни, снаодливи, зборлести и сакаат предизвици. Тие се полни со позитивна енергија која ја шират насекаде околу себе. Хедонисти се и страствено пристапуваат кон работата која ја работат.
Кога нешто ќе зацртаат, ништо не може да ги запре додека не го остварат тоа. Тие се многу убави личности, заводливи и страствени. Една маана им е љубомората која тешко ја држат под контрола.


Кафени очи

Оваа боја открива карактеристики на борбени луѓе кои во се сакаат да бидат најдобри. Тие се темпераментни, сакаат промени и поради тоа често се склони кон кратки и површни врски. Знаат да бидат големи заведувачи. Кога се лути, подобро да бегате од нив. Мирни се и пристојни додека се е под нивна контрола.


Црни очи

Се работи за многу темна смеѓа боја на очи, а луѓето кои ги имаат се многу верни љубовници и пријатели. Секогаш тежнеат да бидат најдобри во се. Знаат да бидат нестрпливи и тврдоглави. Понекогаш се свесни кога ќе погрешат но тоа не сакаат да го признаат.
Тешко се заљубуваат но кога ќе засакаат, нежни се и внимателни спрема партнерот.


Сиви очи

Особите со ваква боја на очи се родени водачи. Позтивини се и знаат да ги решат туѓите проблеми. Ги краси мирна енергија па луѓето сакаат да бидат во нивна близина. Не поднесуваат досада и стереотипи. Доминантни се и храбри. Кога ќе се заљубат, потполно се посветени на својата сакана личност. Тие се големи уметници и сакаат да сонуваат и да патуваат. Нежни се и елегантни.




Коментари

коментари