Категории

ОД 18 ЈУЛИ ВЕНЕРА ВЛЕГУВА ВО РАК – На овие хороскопски знаци им се насмевнува среќа во ЉУБОВТА

Астрологот Нена открива како хороскопските знаци ќе го променат животот од 18 јули, кога планетата на љубовта ќе влезе во знакот Рак

Венера е планета на љубовта и личното задоволство, а кога е во знакот Рак доаѓа до подобрување во љубовните односи и се што е поврзано со семејството. На многумина ќе им ја открие убавината на животот, а некои ќе доживеат илузорна љубов или ќе бидат измамени, најавува за Нај Жена астрологот Нена Јанковиќ.

Ракот е најзаслужен знак за стабилни односи во семејството, што всушност значи дека во овој период е идеално да се средат односите во семејството. Но, бидејќи Венера е планетата која зборува за љубов, тогаш таа ќе донесе стабилност и сигурност преку оние врски кои влегуваат во форма на заеднички живот или планови за брак.

Ова е идеален период за двајца да влезат во зрели љубовни и семејни врски, особено ако се родени во знакот Рак, Шкорпија или Риби.
Исто така, доколку имате подзнак во водениот знак, тогаш ова е многу поволен период на љубовен план и донесување стабилни одлуки во однос на вашата љубовна иднина.

Ако ја имате Месечината или Венера во знакот Рак, тогаш ова е фантастичен период да предизвикате добри емоции и кај себе и кај партнерот во врска со конкретни заеднички договори.
Доколку сте родени во знакот Бик или Девица, ова е идеален период за стабилизирање на љубовните врски, особено ако сте имале конфликти на почетокот на мај или јуни.

За Лавовите и Овните ова е многу нестабилен период доколку се обидуваат да постигнат некоја цел во смисла да го надмудрат партнерот.

Најмногу љубовни проблеми можат да имаат Вагите и Јарците. За нив ова влијание на Венера е многу нејасно бидејќи нема да можат да ја разберат суштината на партнерскиот однос. Ќе бидат многу лути и негативни.

Стрелците и Близнаците немаат големи промени во однос на љубовта, тие се претежно окупирани со деловни активности.
Водолиите се под позитивно влијание на оваа Венера, но таа најмногу го активира полето на комуникација и деловна соработка.

Прегледи:
540
Објавено на:
19.07.2022