Категории

ОД 23 ЈУНИ ВЕНЕРА ВЛЕГУВА ВО ЗНАКОТ БЛИЗНАЦИ – Носи можност за запознавање со својата сродните души

Планетата на љубовта влегува во соѕвездието Близнаци на 23 јуни и таму ќе остане до 17 јули 2022 година. Еве што им носи тоа на хороскопските знаци и кој ќе има најмногу среќа во овој период.

Денес, 23 јуни, Венера преминува во соѕвездието Близнаци и таму останува до 17 јули. Ќе има многу одлични можности за хороскопските знаци во текот на овие три недели. Еве како да го искористите максимумот од нив и да го отклучите вашиот внатрешен потенцијал.

Енергетски шок
Моќната Венера носи и енергија, па многумина конечно ќе добијат сила да надминат разни видови препреки кои долго време ги кочеле и поради кои не се осмелиле да одат понатаму. Ова е време на силен наплив на сила, енергија и волја. Ова е особено важно кога ретроградниот Нептун започнува на 28-ми јуни.

Шанси за љубов
Венера е планета на љубовта. Ако веќе имате сродна душа или штотуку сте ја нашле, Венера ќе ви помогне да ја зацврстите вашата врска, да ја продлабочите довербата, интимноста и да одите чекор понатаму. Но, за да успеете во тоа, не можете да дозволите сето тоа да се случи само по себе. Треба да бидете отворени еден кон друг, да зборувате за вашите чувства, за она што ве мачи, што би сакале да промените. Само така се создава однос на доверба и почит.

Ако се уште сте слободни, Венера ќе ви испрати многу шанси да запознаете некој интересен и вреден за внимание. Само треба да излезете од дома! Сродната душа нема да ви заѕвони на врата! Романтика, флертување, запознавање – сето тоа ќе биде добредојдено од 23 јуни до 17 јули.

Слушајте што ви кажува вашето тело
Венера ќе ви ја даде потребната енергија за да го надминете заморот, апатијата, летаргијата, доколку ги има. Доколку моментално не се чувствувате најдобро, Венера ќе ви помогне. Треба само да го слушате вашето тело. Ако сакате да одите во природа, оставете сè и одете! Ако сакате да останете дома и да се опуштите, бидете сами, направете го тоа. Не треба да правите ништо со сила.

Кој има најмногу среќа?
Близнаците се знак на комуникација, па шанса да постигнат најдобри резултати ќе имаат сите оние чија работа е да комуницираат со другите, кои се вешти во зборовите. Среќата ќе ги придружува оние кои се позитивни, весели, отворени, насмеани, кои посакуваат добро за себе, но и за другите.

Прегледи:
639
Објавено на:
23.06.2022