Категории

Од 29 декември започнува моќен астро период и ќе трае сѐ до 10 мај: Еве како ќе влијае тоа врз нас!

Во среда, 29. декември Јупитер ќе влезе во знакот на Риби, место на кое неговите квалитети можат во потполност да дојдат до израз.

Ќе остане во тој знак во најголем дел од следната година, поточно, до 10. мај, со тоа што привремено ќе премине во знакот на Овен (од 10. мај до 28. октомври). Овој Јупитер ни помага да бидеме подобри луѓе, да го сфатиме значењето на поврзаноста и колку многу влијаеме едни на други. Твојата болка е и моја. Твојата среќа ја буди и мојата. Како ти е тебе, така ми е и мене.

Сега имаме можност да покажеме милост, да им помогнеме на немоќните, болните, сиромашните и слабите. Во следната година на дело ќе се покаже дека тоа што го даваме, набргу ни доаѓа назад. Какви сме кон себе и другите – тоа ќе се манифестира во нашиот живот. Доброто се враќа со добро.

Да ја разбудиме својата креативност, да се занимаваме со она што не интересира. Поезија, танцување и музика, фотографија, медитација… Во март Јупитер ќе се состави со Нептун, а тој аспект последен пат беше активен многу одамна, во средината на 19 век. На дело е уште еден значаен енергетски напредок, се отвораат некои нови врати во нашата свест. Да почнеме да и веруваме на интуицијата. Да се збогуваме со илузијата и заблудата. Чувајте се од алкохол и пороци. Потрудете се да ја откриете вистината. Сѐ потешко ќе се чуваат тајните.

Имаме единствена можност да ги излечиме раните од минатото, да сфатиме како се гледа подобро преку срцето и да станеме подобри луѓе. Нека живее љубовта!

Прегледи:
649
Објавено на:
28.12.2021