Категории

Од 5 до 18 август ќе се одржи Светското првенство во параглајдерство во Крушево

Светското првенство во параглајдерство ќе се одржи од 5 до 18 август, во кое ќе учествуваат 150 пилоти од 49 нации, а нашата репрезентација ќе биде составена од тројца успешни летачи.

„Агенцијата за млади и спорт во соработка со Воздухопловна федерација и Општина Крушево во изминатиов период беа организатори на повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство, поради што ги исполнија условите за организирање на натпревар во параглајдерство од светски размери“ – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Ова е можност за промоција на спортот, но и природните убавини на Крушево и Пелагонискиот регион, па оттаму и повикот до сите вљубеници во спортот да бидат дел од овој настан. Градоначалникот на Општина Крушево ги повика сите заинтересирани да го посетат градот кој е дел од мапата на „Спортски авантуристички туризам”.