Категории

Од 7 долари на ден, до најплатен актер во светот

Некогашниот боксер, американскиот актер Двејн Џонсон, минал долг пат за да се најде на листата на “Forbes” за најплатени актери.

Двејн Џонсон својата кариера ја започнал во далечната 1995. година со само 7 долари во џебот а по улогата на “The Rock”, станал планетарно познат.

Поранешниот кечер и актер кој се прославил со филмовите “Брзи и Бесни”, напредува од година во година. Така во 2012. година прв пат се појавил на листата на “Forbes” за најбогати славни личности, а сега веќе застанал и на самиот врв.

44-годишниот актер, кој редовно ги објавува своите селфи фотографии на Инстаграм, се нашол на листата на најплатени актери со заработка од 64,5 милиони долари.

– Во мојот џеб имав само 7 долари, толку накаде заработував на ден – признал за The Hollywood Reporter.

Сето тоа се случило на почетокот на 90-тите години, кога морал да ја прекине кариерата во “NFL” поради повреда на коленото. “The Rock” потоа заиграл во канадската рагби лига. Но, среќата тогаш не му се насмеала. Исфрлен бил од тимот бидејќи не бил доволно добар, па вели дека тоа му бил најлошиот период во животот.

Но, набрзо сè се променило. Во 1995. година започнал кечерска кариера во WWE и станал еден од најпопуларните кечери во историјата а подоцна заоливал и во актерските води.

Прегледи:
413
Објавено на:
16.07.2016