Од денес не се плашам од животот!

Многу од најубавите животни приказни започнале со прашањето „Што ако…“

Кога сте го земале првиот здив и сте започнале да го запознавате светот околу себе, најсилна од се била желбата во вас за да го искусите. Вашата душа копнеела за искуствата и водени од детскиот ентузијазам сте ја следеле секоја желба и секој отчукување на срцето. А тогаш сте пораснале. Сте научиле да играте на сигурно. Не прашувајќи повеќе и не истражувајќи го непознатото.Радозналоста сте ја замениле со стравот и наместо со постојаниот раст сте потпишале договор за сигурноста во оквирите на вашата комфортна зона.

Но што ќе се случи ако целиот живот го поминете затворени во нив? Криејќи се од ризиците и стравовите. Препреките на патот не значат дека тој пат не е за нас.
Можеби токму во тоа е тајната. Можеби вашиот живот не е наменет да биде бајка, туку епска авантура. Ќе бидете ранливи, збунети, разочарани, често пати и повредени,, но исто толку и силни, побогати со нов знаења, вештини и искуства. Стравот можеби ќе направи да се чувствувате безбедно, но нема да направи да се чувствувате живо.
Она кое ќе го направи тоа е прифаќањето на предизвиците, соочувањето со сите нешта кои ви изгледаат застрашувачки. Таму започнува се.




Коментари

[fbcomments]