Категории

Од денес официјално започнува летото. Денот е најдолг, а ноќта најкратка!

Иако високите температури веќе го најавија, денес е официјалниот датум кој се смета за почеток на летото. Во 12 часот и 51 минута и календарски започнува летото. На северната хемисфера летото ќе трае од 21 јуни до 23 септември. Првиот ден на летото се нарекува долгодневница односно летен солстициум, што значи дека ноќта е најкратка а денот е најдолг.

Летото е период кој трае дел од јуни, цел јули и август и дел од септември.

Јуни е месец претходник на летото, месец кога на 21 јуни денот е најдолг а ноќта е најкратка. Температурата на воздухот се зголемува и има се повеќе сончеви и топли денови. Но понекогаш атмосферата знае да се дестабилизира, така што временските промени не го одминуваат ниту овој месец од годината.

Јули е типичен летен месец со највисоки температури на воздухот. Во принцип е стабилен месец со многу сончеви часови. Во зависност од сезоната на воздушните маси можна е и појава на топлотни бранови кога се регистрираат екстремно високи температури.

Август е исто така летен месец кој што е предодреден за за годишни одмори. Тоа е месец со многу сончеви часови и карактеристично стабилно и топло време. Понекогаш во овој месец се јавуваат многу топли денови (тропски денови) кои одржуваат многу високи температури, така што ноќите се спарни. Но, во август времето знае многу често да не изненади и да наиде фронтален систем кој силно ќе ја дестабилизира атмосферата. Понекогаш овие ненадејни промени се манифестираат со силен ветер и појава на невреме пропратено со врнежи од град.

Септември го најавува почетокот на есента и есенската рамноденица кога денот и ноќта се исти. Во основа се карактеризира со стабилно време, со постепено намалување на температурите, посвежи и повлажни утра и ноќи и секако со прекрасно сонце во текот на денот. Ова е месец кога температурните амплитуди се поголеми.

Прегледи:
913
Објавено на:
21.06.2019