Категории

Од денес промена – Еве какво време не очекува

Времето денес  претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, особено во северните делови. Потоа ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а во вечерните часови на места и засилен северозападен ветер .

Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени.

Во вторник времето да биде променливо облачно, ветровито и постудено со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.

Променливо облачно, студено и ветровито, но претежно суво ќе биде во среда, кога дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во четврток ќе настапи разведрување, па утринската температура ќе се спушти од 0 до 7, а во петок од -2 до 5 степени. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен благ пораст.

Прегледи:
232
Објавено на:
03.10.2016