Од каде и од кога потекнува, кој е најскапиот, а кој омилениот? Дознајте сѐ што не сте знаеле за сладоледот

За некого претставува дочекување на летото, за некого е комплетно уживање и задоволство, за некого будење на сите сетила… некои тоа го сакаат само за себе, а некои го сакаат во пар. Некои тоа го сакаат без обврски, а некои го сакаат секој ден… Но, едно е важно: едноставно не постои некој кој тоа нешто не го сака: неговото височество – сладоледот. Особено сега кога летната сезона е веќе во полн ек, многумина од нас ќе се препознаат во фактот дека сладоледот се чини неопходен за да опстоиме.

 

Но, дали некогаш сте се запрашале од каде и од кога потекнува, кој сладолед е омилен меѓу потрошувачите, кој е најскапиот сладолед и други некои интересни податоци за она нешто што вие со големо задоволство секојдневно го уживате?

Ви претставуваме 11 помалку познати факти за сладоледот. Уживајте!

1. Не е сосема јасно од кога потекнува сладоледот

Никој всушност не знае точно кој го измислил сладоледот. Постојат само делумни информации кои се доволни за да се состави една основна приказна, но ги немаме сите одговори.

Во античкиот Рим, царот Нерон уживал во мешање снег со овошје и мед. Честопати дури праќал слуги за да соберат снег од планините. Некои историчари, пак, го признаваат Марко Поло како првиот што го донел сладоледот во Европа. Тој го научил од Кинезите, кои снегот „го зачинувале“ со ориз и млеко за да направат кремаст десерт. Оттаму, приказната прогресира. Рецептите за сладолед на крајот стигнале и во САД, неколку векови откако Кристофер Колумбо стигнал на американската почва.

2. Во Македонија мраз со мед и овошен сируп од античко време, „Метрополи Премиум“ од 2011 г.

Сладоледот со својата модерна форма е релативно нов изум, но ледените десерти биле популарни уште од антички времиња и на овие простори. Имено, сите знаеле дека омилен десерт и на Александар Македонски бил мраз помешан со мед и овошен сируп, но доколку „премотаме“

напред во денешно време, интересен податок е дека портфолиото „Метрополи Премиум“ датира од 2011 г. Линијата „Класик“ од истиот бренд е лансирана во 2013 г., а пак „Голд“ едицијата во 2017 г.

3. Што пристигна прво: чоколадото или ванилата?

Ако мислите дека одговорот е ванила, не сте во право. Чоколадото всушност било прво измислено.

Ние генерално претпоставуваме дека сладоледот од ванила е прв, бидејќи тоа е заедничка основа која создава многу други вкусови. Сепак, тоа не било секогаш така. Најверојатно затоа што било многу поедноставно да се најде какао отколку ванила.

4. Ванила сѐ уште е најпопуларен вкус

Некои велат „досадно како ванила“, нели? Погрешно! Иако можеби мислите дека ванилата е здодевна, но таа е всушност, според истражувањата во светски рамки, најпопуларниот вкус. Интересно е да се прочита како овој плод се ширел низ целиот свет и станал најпопуларниот вкус на сладолед.

5. Ванилата најпопуларна и во Македонија, меѓутоа во комбинација со вишна во сладоледот Metropoli Berlin

Дали знаете дека и Македонците најмногу уживаат во вкусот на ванила? Од компанијата Цермат велат дека најпродаваниот сладолед е „Метрополи Берлин“ кој има вкус на ванила, збогатен е со прелив со вкус на вишна, а прелиен со мешавина од млечно чоколадо и чоколаден супститут декориран со парчиња од кикиритки и лешници. Но, дури и на второто и третото место меѓу омилените вкусови се повторно сладоледи од ванила, и тоа „Метрополи Голд Монако“ кој е всушност ванила крем сладолед со вкус на ванила, збогатен со прелив од бадеми и лешници, прелиен со чоколадо и украсен со парчиња пржени бадеми и лешници и семејното пакување „Метрополи Лондон“ со вкус на вафел, збогатен со прелив со вкус на лешник и карамела, а декориран со парчиња крокант, за уживање на целото семејство.

6. Македонецот јаде околу 3,5 л сладолед годишно

Или попрецизно, според Еуростат еден македонски граѓанин годишно консумира околу 3,5 литри сладолед. Статистиката го покажала ова, што можеби и не е некоја импозантна бројка ако земеме предвид дека истите податоци покажуваат дека жителите во ЕУ консумираат шест литри годишно. Затоа Македонци, ајде на сладолед да ја стигнеме Европа! J

7. На Хаваите постои овошје со вкус на сладолед од ванила

Да, тоа е точно! Верувале или не, постои хавајско овошје што има идентичен вкус токму како сладолед од ванила. Тоа се нарекува “inga feuillei”, но локалното население го нарекуваат „сладоледно зрно“.

Расте на повеќегодишни дрвја во топла клима и локалците уживаат во него на многу различни начини.

8. Префинетоста на светските метрополи инспирација за сладоледите „Метрополи“

Како што наговестува и самото име, популарните сладоледи „Метрополи“ на македонската компанија „Цермат“ се инспирирани токму од најдобрите светски метрополи. Слоганот на овој бренд ни вели „Влезете во светот на совршенството на сладоледот“, па така преку богатата палета вкусови навистина го вкусуваме целиот свет. Сладоледите „Метрополи“ доаѓаат во повеќе премиум вкусови и различни пакувања за индивидуално или групно уживање, и тоа: Монако, Барселона, Париз, Берлин, Лондон, Брисел, Рио, Виена, Милано, Санкт Петерсбург, Сан Франциско… Секој со својот уникатен, полн вкус за паметење.

9. Сладоледот се сметал за луксуз

Назад низ времето, сладоледот се сметал за луксузен десерт во кој што можела да ужива само елитата. Се сметал за редок и егзотичен, и останал така до доцните 1800-ти. Богатите членови на општеството од висока класа биле всушност единствените што можеле да си ги дозволат увезените состојки и ладилникот.

Тоа било, се разбира, времето пред комерцијализацијата и производството на сладолед, па затоа и не било воопшто лесно да се дојде до него, што по автоматизам го прави ексклузивен десерт. Ова било и пред пронаоѓањето на современиот фрижидер, така што има смисла зошто мнозинството не било во можност да ужива во вкусното задоволство.

10. Сладоледот е одличен извор на витамин А и витамин Б

Всушност, ќе бидете изненадени од некои добри минерали и витамини кои ќе ги најдете во вкусниот сладолед. Ќе добиете витамини А, Б и Ц, како и некои други полезни материи, што ќе направи да се чувствувате помалку виновни што консумирате шеќер.

Исто така е одличен извор и на фосфор, кој пак е потребен за да функционира вашето тело (тоа е втор најзастапен минерал по калциумот).

11. Сладоледот наречен “The Frozen Haute” е најскапиот сладолед од 25.000 долари

Ако никогаш не сте слушнале за “The Frozen Haute”, тогаш постои шанса дека најверојатно не сакате. Се продавал во 2007 година во Њујорк во ресторанот “Frrrozen Hot Chocolate” и беше прогласен за најскапиот десерт на светот од Гинисовата книга на рекорди.

Тој бил мешавина од кокос и млеко замрзнати до идеална свиленкаста конзистентност. Но, тоа не е сѐ. Во него се додаваат и пет грама 24-каратно злато, потоа чоколадата е наполнета со шлаг и погодете што друго? Уште злато! Украсен е со чоколадните тартуфи “La Madeline au Truffe” кои се сметаат за најекстравагантното и најскапо чоколадо во светот што се продава по 250 долари за парче.

Се служи во пехар опкружен со круна направена, се разбира од злато и дијаманти, а исто така и лажицата е од злато.




Коментари

коментари