Категории

Од колку билки се состои Jägermeister и кои се придобивките од овој пијалак?

Поголемиот дел од вас барем неколку пати во животот го пробале популарниот ликер на билна база Jägermeister, но колку всушност знаете за овој ултрапопуларен пијалак?

Jägermeister е познат алкохолен пијалак на билна база кој се продава во повеќе од 90 земји ширум светот.

Во 1935 година во Волфенбутел, како лек против кашлица и желудочни тегоби е претставен првиот Јегер, лековит пијалак со 35% алкохол, добиен од комбинација на 56 различни билки и корења. Денес, овој пијалак е познат како „party drink“ и претставува синоним за забава меѓу младите. Поради неговата популарност Jägermeister се извезува во огромен број секаде низ светот.

Jägermeister отсекогаш бил пијалак кој ја буди љубопитноста кај луѓето. Без разлика дали се вбројува на листата на ваши омилени пијалаци како кај поголемиот дел од популацијата, мора да се сложите дека овој пијалак има уникатен вкус кој е автентичен само за него. Тоа е поради невообичаениот состав од 35% алкохол и 56 природни билки, зачини и овошја. Токму затоа, многумина се обидуваат да ја дознаат целата листа на билки кои се употребуваат за создавање на овој неповторлив вкус. Но, досега се познати само некои од нив, а откако ќе ги дознаете ќе сфатите зошто станува збор за најлековитиот ликер кој се вбројува во алкохолни пијалаци.

Ѓумбир

Маслото од коренот на ѓумбир е заслужно во голем дел за специфичниот вкус на Jägermeister.

Цимет

Стапчињата цимет со препознатливиот вкус во кој најчесто уживаме во десертите и во комбинација со тиква исто така се дел од овој пијалак.

Кардамон

Што е кардамон? Станува збор за билка од семејството на ѓумбирот која потекнува од јужна Индија. Иако ретко кој слушнал за него, кардамомот е многу корисен додаток за јадењето кој помага за болки во грлото и за потешкотии со варењето на храната.

Кора од портокал

Кора од портокал исто така е една од состојките кои се наоѓаат во Jägermeister.  Во него нема портокал, туку само кора  што на крајот на краиштата, е најдобриот дел!

Само помислете, ако ги знаевте и останатите 52 состојки, ќе можевте сами да го подготвувате овој неодолив пијалак, но секако тоа е строго чувана тајна. Сепак, тоа не ве спречува да уживате во вкусот на овој пијалак во секоја пригода! На здравје!

Прегледи:
1535
Објавено на:
25.11.2019