Од машки агол: ОВАА женска особина не остава никого рамнодушен

Мажите одлучија да бидат искрени и на понежниот пол да му откријат што точно ги привлекува

Долго се сметало дека мажите се исклучително визуелни битија, но најновото истражување објавено во магазинот “Physiology & Behavior” покажа дека влијанието на женскиот глас на посилниот пол им е толку значајно што предизвикува ежење на кожата и брза работа на срцето.
Американските истражувачи исто така потврдија дека привлечноста на женскиот глас зависи од тоа во која фаза на месечниот циклус се наоѓа жената.

Во што е всушност тајната?
Хормонските промени за време на овулацијата вршат влијание на гласните жини, чиј глас станува понизок и подлабок, и предизвикува несвесно позитивна реакција кај мажите и жените.
После само 5 секунди слушање на женскиот глас во најплодните денови од менструалниот циклус на жената, електричната активност на кожата на мажот расте за 20 отсто а срцевиот ритам се забрзува за 5 отсто.




Коментари

коментари