Од непознати таленти, до ѕвезди со првиот онлајн музички натпревар на Балканот „Sing2Bling“

Од непознати таленти, до ѕвезди е идејата на Sing2Bling (S2B), светско музичко онлајн натпреварување, кое првично започнува на балканскиот онлајн простор.

Ова онлајн музичко натпреварување има за цел да им помогне на засега непознатите музичките таленти да станат вирални музички ѕвезди, да бидат препознаени, како од фановите така и од музичките продукции, и да ја лансираат својата музичка кариера.

Уникатноста која ја нуди платформата, наспроти телевизиските музички натпреварувања е избегнувањето на одредени ограничувања како трема, жири, јавен настап.

Sing2Bling е нешто навистина различно, а тоа како платформата се разликува од другите навидум слични музички проекти, основачот, Иван Јанков, изјавува:

„Проектот е самофинансиран, а реализиран од тим на македонски дизајнери и програмери од Дигитал Презент. За да се дојде од идеја до реализација на платформата, на тимот му беше потребна повеќе од една година. Од драфт планови и правна заштита на светско ниво, па сè до тестирање на квалитет и лансирање. Целта на проектот е да се поттикнат талентираните луѓе, особено неоткриените и срамежливи таленти, да го покажат својот талент и со тоа да им се помогне да бидат видени од реномирани музички продукциски куќи. Во однос на фидбекот од страна на публиката, првичните тестирања покажаа позитивни резултати и критики. Се надеваме дека истото ќе се случи и во Македонија и дека токму првиот победник и новата балканска ѕвезда ќе биде од тука.“

Платформата функционира така што на корисниците им овозможува да закачат видео и да го споделат на социјалните медиуми. Секој учесник на Sing2Bling е потенцијален добитник на дневна, неделна, месечна и главна парична награда, за кои важно е да се напомене дека се без обврзувачки договори за победниците и S2B платформата.

Проектот е на балканско ниво, а во истовремено започнува и во Србија, каде го спроведува партнерот на Иван, Марко Јанковиќ.

 

Добитник на главната награда е оној чие видео ќе стане вирално, односно кое ќе има најголем број на споделувања, гласови и прегледи за време на циклусот. Доколку и вие сакате да бидете дел од оваа платформа тоа можете да го сторите многу лесно, со еден клик тука.

И за на крај, ако сакате и вие да сте дел од S2B приказната, пријавете се и учествувајте на следниов линк.




Коментари

коментари