Од профилот на Фејсбук може да се дијагностицира 21 болест

Научниците сметаат дека според содржината која ја објавуваме на Фејсбук може да се дијагностицираат 21 болест.

Според новото истражување кое е објавено во медицинското списание „PLOS One“, научниците набљудувајќи ги Фејсбук профилите на корисниците ширум светот, дошле до заклучок дека според објавената содржина на корисниците може да се дијагностицираат дури 21 болест.
„Вашиот профил на друштвените мрежи може да открие многу повеќе за вас отколку што можете да замислите“, истакнуваат научниците.
Набљудувајќи ги промените на бојата на кожата, состојбата на кожата и косата, но и однесувањето на корисникот, содржините на објавите, докторите успешно дијагностицирале состојби како рана бременост, кожни проблеми и многу ментални болести, како што се анксиозност, депресија и неколку видови на психози.
Најголема точност имале при дијагностицирањето на дијабетес.


За истражувањето биле набљудувани повеќе од 940 000 објави на 999 корисници.
Се проучувало се.
Истражувањето имало многу позитивни ефекти на корисниците на друштвените мрежи, но исто така покренало и низа прашања поврзани со проблемите за зачувување на приватноста на друштвените мрежи.
Изминатите неколку години Фејсбук често беше мета на напади заради загрозувањето на приватноста на корисниците, заради што оваа мрежа само во 2018 година исплатила повеќе од 56 билиони долари надоместок на бројни корисници.
Директорот на компанијата, Марк, истакна дека е свесен за ранливите проблеми на неговата компанија со откривањето на приватните податоци, но веќе е во најава реорганизација на платформата за приватност на оваа друштвена мрежа.




Коментари

[fbcomments]