Од што најмногу се плашат луѓето во долгите врски?

Во долгите врски луѓето се плашат од многу работи. Ова се неколку најчести стравови кои се јавуваат кај луѓе во долги врски.

Партнерот ќе ме остави. Во вистинска, искрена и емоционална љубовна врска, нема причина да се плашиме дека партнерот ќе не остави. Но, ако тоа и се случи, тоа значи дека нешто не било во ред со врската и дека е време за нов почеток.

Не сум добар во кревет. Ова често ги мачи луѓето, но не треба да губите енергија на овие прашања. Здравите односи се базираат на комуникација, па доколку постои некој проблем во креветот, истиот треба да се реши со искрен разговор.

Не му се допаѓа моето тело. Ако навистина ве сака, тогаш партнерот не е со вас само поради вашето тело. Секој човек е единствен, како и неговиот изглед. Сечие тело се менува со текот на годините.
Прељуба. Повторно, ова е нешто за што не треба да се грижите. Животот е непредвидлив. Но, ако сте во добра врска, тоа нема да се случи.
Ќе престане да ме сака. Ова не треба да ве плаши, бидејќи ако некој престане да ве сака, тоа само ќе покаже дека ова не е вистинска врска за вас, или вистински партнер, и дека е време да дадете шанса на некој друг.

Ќе се развиваме во различни насоки. Ова не мора да влијае на квалитетот на врската. Кога двајца луѓе живеат заедно, тоа не значи дека се врзани за папочната врвца. Нормално е секој да се развива на свој начин, важно е да имате заеднички интереси.




Коментари

коментари